
Чулев: 8 709 лица се во самоизолација, поднесени се 113 кривични пријави против 89 лица кои ја прекршиле мерката
МВР е ангажирано и во контрола на лицата кои имаат решенија за самоизолација и решенија за здравствен надзор, изјави министерот Чулев во вечерашната Топ Тема.
Тој прецизираше дека во моментот решенија за здравствен надзор има за 1105 луѓе на територијата на цела држава, додека бројката на решенија за самоизолација се зголемила на 8 709 лица.
“Ова е голема бројка и расте, особено во град Скопје и можам да кажам дека досега е утврдено непочитување од страна на 89 лица и се поднесени 113 кривични пријави. Согласно одлуката на влада доколку се утврди дека лицата не ја почитуваат мерката им се поднесува кривична пријава и истите се спроведуваат во задолжителен карантин, при што трошоците за време на престојот во карантин ги сносат самите лица” – изјави Чулев.