Во Струмица приведени лица за непочитување на полицискиот час

Телма синоќа  документираше приведување на две лица од страна на струмичката полиција за време на полицискиот час. Вечерта околу 23 часот, додека телевизиската екипа снимаше каква е состојбата низ Струмица, сретна две лица во турското маало кои тврдеа дека биле во блискиот дуќан. Во тој момент наиде полицијата и по кусо противење ги однесе во полициска станица.

Во градот генерално беше мирно,   низ струмичките села забележавме неколкумина земјоделци кои оделе до нивите да го исчистат снегот од пластениците. За време на едночасовното снимање на терен, екипата ја идентификуваа десет различни полициски патроли.

Струмичката полиција информираше дека против двете лица коишто се приведени синоќа ќе се поднесат кирвични пријави по член 206 од кривичниот законик.

 

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ