Приведени лица за непочитување на полицискиот час во Дебар

Во текот на нокта во Дебар полициските патроли приведоа две лица, жители на Дебар  поради непочитување на полицискиот час. Оваа  го соопшти општинскиот оперативен штаб  во Дебар  со кој раководите градоначалникот Хекуран Дука.  Тој притоа апелираше до населението да не создава пробеми со полицискиот час, бидејки ке се превземаат сите потребни  законски мерки птотив непослушните . Тој информираше дека припадниците на полицијата целосно ги контролираат лицата кои се во изолација и засега нема  слуќаи кога овие лица излегуваат нафвор од изолацијата . ВО изолација се 167 лица , од  кои 23 се болни од Коронавирус додека другите се лица за кои имаа сомнеж дека се носители на вирусот .

Денеска е упатено барање до министрерството за здраство  за обезбедување доплонително на 4 медициски сестри  во оделот за инфектологија во дебарската болница бидејки има зголемен број на пациснти . претходно биолицата беше зајакната со специјалисти инфектолози, педијатри и пулмолози од државната киника во Скопје.

Од единицата за јавно здравје информираа дека се врши редовни контроли на здравјето на вработенбите во трговската мреча како и аптеките. Сите вработени се здрави нагласува истиот извор.

На пунктовите на излезите од општина Дебар и центар Жупа  кај Бошков мост кон Маврово – пристигнува навремено дотур на прехранбени артикли и  населението е добро снабдено . и во двете општини .

Кенан Мимидиноски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ