Македонија доби препорака за почеток на преговорите

Во светло на напредокот постигнат во реформите и исполнувањето на условите поставени од Советот во јуни 2018 година, со усвојување на препораките на Европскиот совет, Советот одлучи да отвори преговори со Северна Македонија.

Првата меѓувладина конференција би требало да се свика што е можно побрзо, откако Советот ќе ја усвои преговарачката рамка.

Советот ја повикува Комисијата да продолжи да го мониторира напредокот и услогласувањето во сите области од условите идентификувани од Советот во јуни 2018 година.

Еврокомесарот за проширување на европската унија веста Оливер Вархеи  ја соопшти на својот твитер профил.

„Многу сум задоволен бидејќи земјите членки денеска постигнаа политичка согласност за отворање преговри со Албанија и Македонија. Јас со цело срце им честитам на двете земји. Ова исто така испраќа гласна и чиста порака до Западен Балкан: вашата иднина е во ЕУ,“ порача Вархеи

 

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ