Микиќ: Во Дебар имавме т.н. „суперпренсувачи“ на коронавирусот

Сопружниците од Дебар, кои беа првите жители на градот кои беа позитивни на коронавирус, се т.н. „суперпренесувачи“, изјави епидемиологот д-р Владимир Микиќ во интервју за „Топ Тема“.

„ Дебар е едно од првите зафатени подрачја. Тука имавме јасна слика, дојдоа пациенти кои потоа ја пренесоа. Тоа се т.н „суперпренесувачи“, однонсо мал број на луѓе кои брзо ја шират болеста на повеќе лица“, рече д-р Микиќ.

Според анализите на Институтот од јавно здравје во Дебар еден од седум контакти со заболените сопружници се заразува, а во Скопје пак еден од 11 контакти на заболени лица се заразува, кажа д-р Микиќ.

„Затоа е важно да се самоизолираат. Тоа е единствениот начин на кој можеме да ја забавиме онаа крива, без разлика колку и да ги следиме контактите“, појасни Микиќ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ