Владата ќе ја укине царината за средствата за дезинфекција, заштитни маски и ракавици,…

Владата на предлог на Министерството за економија и на Царинската управа ќе донесе одлука укинување на плаќање на царина за средства за дезинфекција, заштитни маски и ракавици, заштитни очила, медицинска опрема, најави денеска директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.

„ Договорено е воведување на размена на информации пред пристигнување и соодветно зелен и син канал за побрз проток на определни стоки и оелснување на транспорт. Во таа насока до среда треба бидат договорени списоците на стоки што ќе се движат преку зелен и син приоритетен канал. Преку системот СЕЕД за размена на податоци ќе се разменуваат информации за итни пратки што треба да имаат приоритет“, рече Танасоски.

Според Танасоски, и во тек на полицискиот час, што е во сила од вчера, движењето на стоката продолжува непречено да се спроведува.

Како што најави Танасоски, Царинската управа по службена должност ќе го продолжи и рокот на важење на банкарските гаранции кои истекуваат до 30 јуни.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ