
Нови 22 случаи со коронавирус, вкупната бројка во Македонија се искачи на 136
Нови 22 случаи на зболени од коронавирус во Македонија. Со тоа вкупната бројка на заболени во послендото деноноќие се искачи на 136. Ноќеска ковид-19 ја однесе и втората жртва во земјава, почина 63-годишен маж од Дебар.
Според местото на живеење, соопштуваат од Министерството за здравство, случаите со коронавирус се регистрирани во Скопје – 81, од кое едно лице е од богданци, а живее во Скопје, во Дебар 40 лица од кои едно почина, Штип – 7, Куманово – 3 од кои едно почина. Во Кавадрци и Охрид има по две лица со коронавиру, од кои едно од лицата во Охрид е од Скопје. Во Гостивар досега е регистрирано едно лице позиитвно на коронавирусот.