
Во хотелот „Ибис Стајл“ во карантин сместени 59 лица
Педесет и девет лица од синоќа се сместени во корантин во хотелот „Ибис Стајл“ (поранешна Мала Богородица – Систина). Тие во Македонија влегле синоќа на Деве Баир и од Косово. Четворица од нив кои имале покачена температура веднаш се испратини на проверка за ковид-19 во Инфективната клиника.
Во хотелот, како што информираат од „Аџибадем Систина“, се и шест полицајци кои ја обезбедуваат локацијата и 16 вработени кои работат во смени. За вработените е обезбедена заштитна опрема од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.