
Земјоделците исплашени, нивите ќе останат непосеани
Поради заразата од Корона вирусот се помалку се троши семенскиот материјал потребен за пролетната сеидба се жалат од земјоделските аптеки. Земјоделците велат се исплашени од состојбата не сакаат да трошат средства.
Земјоделските аптеки се снабдени со потребните семенски материјали за пролетната сеидба, но земјоделците се поретко купуваат, се жалат од земјоделските аптеки. Уплашени од новонастаната ситуација со Корона вирусот, тие не сакаат да вложат во пролетната сеидба, ги чуваат парите како што ни велат за уште полоша состојба додаваат од аптеките.
Од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието, велат дека нема место за паника. Апелираат во вакви времиња најопходно е земјата да се обработува. Граѓаните да не стравуваат за основните продукти ги има доволно, а трговијата се одвива непречено.
Во рамки на препораки Петреси апелира земјоделците сите информации во врска со програмите на ИПАРД програмата но и пролетната сеидба да ги обезбедуваа преку официјалните телефонските линиии и електронските пошти на Агенцијата
Зоран Димовски