
Заев: Сите функционери на државно и локално ниво и јавната администрација со минимална плата од 14.500 денари за април и мaj
Платите на функционерите ќе бидат сведени на минимум, соопшти денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој објави пакет економски мерки, кои треба да бидат доставени до Владата.
-Сите функционери на државно и локално ниво премиер вицепремиер, раководители, судии, обвинители ќе зeмаат минимална плата од 14. 500 денари за април и мај.
Истото важи и за јавниот сектор, јавната администрација на државно и локално ниво, ќе зимаат плата од 14. 500 денари за април и мај.
Ова не се однесува на докторите, медицинскиот персонал, полицајците и војниците кои помагаат за справување со коронавирусот, рече Заев.