Бејли: Осудуваме акти на насилство и закани врз новинарите

Американскиот амбасадор  Џес Бејли е категоричен дека во иднина не смеат да поминат неказнети случаи на закани врз новинари, како што беше оној врз претседателот на ЗНМ Насер Селмани. Ваквите инциденти според него мора да бидат истражени.

Понекогаш гледате до каде можат да одат работите имајќи ги предвид неодамнешните немили настани во Словачка, посочи Бејли. Тоа е според него нешто што треба да загрижува и тука во Македонија , но и во целиот свет.

Според Бејли, инцидентот во која полицајката беше напдната од страна на  Бекир Асани, висок функционер на ДУИ е сериозен. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии како тој се уште ја паркира колата на истото место. Целиот случај со Асани завши со прекрочна пријава која ја поднесе полицијата. Во меѓувреме новинарите организираа протест на кој претседателот на ЗНМ Насер Селмани обвини дека државата со несанкционирање на политичките насилници подклекнала пред еден силеџија.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ