Се очекува зголемување на жртвите на семејно насилство

Додека опасноста од ширењето на коронавирусот ги држи граѓаните во своите домови, активистите на Центарот за заштита на жени-жртви на сeмејно насилство од Струмица обезбедуваат легла плус. Го прошируваат капацитетот и ги реорганизираат расположливите простории, бидејќи очекуваат нови жртви поради наметнатата изолација и затворањето на насилниците со нивните жртви.

Јовановска вели дека бројот на жртвите на семејно насилство е висок и без новонастанатите околности. Струмица бележи стотици пријави за семејно насилство речиси секој квартал.

Поради опасноста од пораст на семејното насилство во период на кризи, министерството за труд и социјална политика ги објави бесплатните сос телефони за да можат жртвите да го пријават насилството.

Истражувањата на ниво на држава говорат дека најголем број од убиствата на жените во државата се случиле во домот, а 60% се извршени од нивниот сопруг или партнер.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ