
Лекар од Кавадарци казнет со 4 500 евра заради непочитување на правилото за домашна изолација
Судот во Кавадарци донесе пресуда за доктор од Кавадарци кој е казнет заради кривичното дело ,,непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.
Тој го не почитувал правилото за домашна само-изолација и ќе биде казнет со 4, 500 евра, односно во денарска противвредност од вкупно 276.750 денари.
“Судот го прифати казнениот налог и предложената парична казна бидејќи обвинетиот е здравствен работник, што како околност, судот ваквата состојба ја смета за исклучително тешка и особено штетна за угледот и интегритетот на здравствените работници, особено што во овие околности на живеење се испраќа негативна порака од оние кои треба да го унапредат системот на превенција и заштита и од истите не се очекува со своето однесување да не ги почитуваат прописите за превенција на штитење од корона вирусот Ковид -19” – соопшти судот во Кавадарци.