
Донесен Законот за јазици со 64 гласови „За“
Со 64 гласа „За“, и 24 според Бадинтер, кои гласаа со кревање рака бидејќи системот не беше во функција, донесен е Законот за јазици. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ беа пристуни во салата каде извикуваа и гласно се противеа на законот и целата постапка.
Со исклучен микрофон, спикерот Џафери прогласи дека гласањето е важечко и дека законот е донесен.