Репортажа во Битола: Тишина и пустило во битолските мегафабрики

Невообичаена тишина во кругот на „Кромберг и Шуберт“ во индустриската зона „Жабени“ кај Битола. На  паркингот само неколку возила и фабричкиот автобус што ја превезува администрацијата. Од денеска во оваа фабрика за автомобилски делови сите  5800 работници  се на принуден одмор. На своите работни места се луѓето  од обезбедувањето, како и дел од вработените  кои ги прават последните подготвки за затворање на погоните, да изготват плата, да направат попис.

Над 25 000 илјади семејства егзистираат од оваа најголема германска инвестиција  во Југозападниот регион. Битолчани  се надеваат дека овој принуден одмор во Кромберг и Шуберт,  нема долго да трае, а во погоните повтроно ќе се варатат работницитекои,  не се само од Битола, туку од повеќе околни градови.

-Не е само битолската, туку од оваа фабрика зависи и економијата во Прилеп, Крушево, Демир Хисар, рече битолчанец.

-Тие се ланчано поврзани со големите производители на автомобили, како Мерцедес и други големи фирми, кои ги затворија фабриките. Мислам дека нема место за паника, рече граѓанка

Од компанијата вчера за Телма потврдија дека како последица на пандемијата со КОВИД 19 се намалува продажбата на авотомобили, па нивните клиенти ги откажуваат нарачките, поради што се принудени вработените да ги испратат  на колективен одмор. Во претходните 3 месеци, поради намaлен обем на работа, биле отпуштени околу 300 работници, но, нема да има други откази, тврдат од менаџменто на Кромберг и Шуберт.

На одмор заминуваат и поголем дел од 5000 работници на Дрекслер Мајер. И од таму како причина ја наведуваат сосотојбата во автомобилската индустрија, поради што две недели ќе работат речиси на технички миниум, а потоа  согласно нарачките и кризата што ја предизвика пандемијата, ќе донесат одлука како понатаму.

Емилија Мисирлиски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ