Паднаа првите казни во Дебар за газди на локали

Во Дебар Основниот суд ги изрече првите две казни на лица сопственици на угостилски објект и Интернет клуб поради ,,Непостапување  според здраствените прописи за време на епидемија ,,. Казните се парични по 18,ооо денари . Во соопштението на Судот  упатено до населението се истакнува дека секој кој нема да ги почитува мерките и законот ке  има законски санкции.

Општинскиот Оперативен штаб преку градоначалникот Хекуран Дука , состојбата со Коронавирусот во Дебар ја оцени како сериозна , бидејки 3о болни се од Дебар. Во болницата во Дебар пристигнаа 4 лекари специјалисти, инфектолози, педијатри и пулмолози , и спред Штабот состојбата со лекари е добра. Во оваа здраствена институција декаска пристигна и соодветна опрема за заштита на лекарите .

Од денеска на пунктовите на влезот на општина Дебар дозволено е фабриките Маја и Ди Гипс да пренесуваат сцои производи надвор од Дебар, а истото се однесува и на млекопроизводителите од Дебар кои млекото веке го доставуваат во млекарата во трница .

Дезинфекцијата во градот се врши постојано а синока е извершена и во руралните средини , од специјализирани екипи.

Штабот информираше дека пристигната помош од повеке организации и институции  ке се распределува со  повик на телефони се со цел населението да не излегува и да стои пред магазините.

Кенан Мимидимовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ