Избегната тепачка меѓу Груевски и Џафери

За малку избегнат физички судир меѓу претседателот на Собранието, Талат Џафери и поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Груевски му пристапи на Џафери зад грб, се наведна над него, додека Џафери ја отвараше точката за јазиците. Притоа Груевски му ја извади картичката на спикерот и истури вода врз документите на претседателската маса.

Џафери даде пауза од 15 минути и револтирано рече дека: „Ова е поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ“.

Собраниското обезбедување интервенираше и ги одвои политичките противници.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ