
Владата донесе одлука: Се забранува собирање на група на повеќе од пет лица во парковите , нема одење на Водно од 18ч до 6 наутро
Граѓаните од утре нема да можат да седат во паркови во група од повеќе од пет луѓе. Вакава одлука донесе Владата како дел од мерките за спречување на ширење на вирусот. Водно е затвора за посета од 18 часот до 6 часот наутро за да се спречи собирањата , за кои деновиве имаше неколку интервенции од полицијата.
Владата ги задолжи МВР и АРМ да ги разбива овие групи и да ги зачести контролите на терен.
Ќе се испитуваат и информациите за куќи во неколку скопски населби за кои што имаше пријави дека се собираат група на луѓе и прават забави. Затоа, како што изјави ОВин ќе се проверува и кому се издадени.