Спасовски: сеуште не се подготвува ребаланс на Буџетот

Во моментот се прават анализи за да се утврди каде и колку моѓе да се пмогне во секој сектор но сеуште е рано да зборуваме за ребеланс на Буџетот, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски во интервју за „Телма“

„ Сеуште не се подготвува ребаланс на Буџет. Се прават анализи, Буџетот беше ликвиден, службите се ставени во функција, се со цел тоа што треба да се помогне на секој сектор, пред се здравството, армијата и полицијата кои се први на удар. Кога ќе има потреба ќе се донесе ребаланс на Буџет“, рече Спасовски.

Тој кажа дека дал задолженија на сите министерства да изготват решенија за послено справување со кризата.

„Донесовме неколку одредби од министертво за правда. Сите мерки се за да нема собирања и групирања на луѓе и да се прекине рокот кој тече за полагање на испити за да може да продолжи кога ќе се укинат мерките“, додаде Спасовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ