
Местењето на предмети во Kривичен, го одложи изборот за претседател на Aпелација
Местењето предмети во Кривичен, фаворизирањето на едни судии, а деградирањето на други, денеска го одложи изборот на претседател за Апелациониот скопски суд. Четворица кандидати за претседател на Апелација се од редовите на Кривичен поради местењето на предмети се дискриминирани во споредба со кандидатите од останатите судови вели членот на судскиот совет Влатко Самарџиски.
Оценувањето на судиите е за периодот токму за кога беше изработен извештајот за функционирањето на акмис системот во кривичен. Но, сепак за дел од членовите на судскиот совет ова не беше проблем, дел пак се согласија дека Самарџиски е во право.
Мнозинството одлучи да има преоценување и тоа да биде за работата на судиите во 2017-та година. Бидејќи претседателката на апелациониот суд заминува во пензија, избраа в.д. па сега со овој суд ќе раководи судијката Лидија Димчевска. И покрај тоа што Акмисот беше причина за одложувањето на на изборот, и извештајот повеќе не е таен, сепак судскиот Совет за да го заштити угледот на судиите зад затворени врати го разгледуваше.
Инаку за јавност е затворена и точката во која ќе се одлучувадали ќе бидат разрешени судиите кои му овозможија на бизнисменот Сеад Кочан да избега во времето кога требаше да оди во притвор. Според Караџовски оваа процедура ќе потрае.
Билјана Николовска