
Николоски: Потребни се итни економски мерки, за да се спаси Македонија од економска пропаст
ВМРО-ДПМНЕ ја критикува владата дека не одвоила доволно пари за субвенции на компаниите.
Една недела гледаме пи-ар алатки и по три пати појавување на ден со разни информации, но никаква активност. Една недела гледаме како си тераат сопствен пи-ар на грбот на граѓаните, а реалноста е дека ништо не функционира. Претседателот на државата самиот призна дека системот не може да издржи и дека системот ќе колабира. Па јавно прашувам, затоа што не е негова работа да констатира состојби туку да решава состојби што направил од моментот кога сфатил или добил информација дека системот на може да издржи до овој момент? Дали само констатира или решава проблеми? Тој од мај месец оваа година е претседател на државата а не аналитичар и е избран н највисоката позиција во државата за да решава проблеми, изјави потпретседателот на партијата Александар Николовски.
Бараат дополнителни мерки за транспортниот сектор.
Во однос на економијата на бизнисот итно му е потребна инјекција, свежи пари и помош. Потребни се капитал и знаења за да се помогне на бизнисот. Што побрзо да се преземат мерки за да се спречи економска катастрофа. Веќе има поголеми отпуштања од работа во одредени градови во Македонија, и очекуваме во следниот период тие за жал да продолжат. Покрај угостителството, туризмот транспортот, се повеќе ќе биде погодена и автомобилската индустрија затоа што најголем дел од странските и домашни капацитети кои што работат во Македонија се поврзани со автомобилската индустрија, а автомобилската индустрија веќе влегува во рецесија во Европа. Имаме веќе најави за огромни отпуштања на огромен број на работници, насекаде низ Македонија, за тоа владата не презема ништо, рече Николовски.