
Прв ден на вонредна состојба – ќе има уредби за законски измени
Се подготвуваат промени со вонредната состојба кои ќе бидат реализирани преку владини уредби со законска важност. Вонредната состојба со сигурност ќе донесе привремено поништување на временските рокови во разни административни постапки и процеси за тестирања, но ќе има и други мерки.
Македонија ја измина првата ноќ од вонредната состојба, а првите луѓе во владата уверуваат дека нема никакви промени од мерките иако доколку не се почитуваат или има потреба ќе се прават итни измени и рестрикции. Нема да удриме по човековите права, тврдат од владата и апелираат сите да се придржуваат до определените мерки .
Судовите да ги почитуваат мерките кои ги пропиша судскиот совет. Застарувањето на предметите ќе се решава во договор со судството, со можност периодот на пандемијата да не биде опфатен во рокот за застарување како што е направено во некои европски земји, вели Десковска. Сега главна задача ќе им бидат предметите за кривични дела против здравјето на луѓето.
По прогласената вонредна состојба МВР и АРМ ќе направат заеднички оперативен штаб за договор во кои активности армијата ќе и помага на полицијата.
Миомир Серафиновиќ