
„Макпетрол“ донираше медицинска опрема против Ковид-19
За справување со коронавирусот во земјава, Макпетрол АД, како општествено одговорна компанија, одлучи да донира соодветна медицинска опрема во вредност од 3.200.000,00 денари на Министерството за здравство на Република Северна Македонија.
„Ова е време кога е потребна солидарност и поддршка. Во борбата против вирусот „КОВИД-19“ не можеме да се бориме како индивидуи, туку, заедно како општество“, се наведува во соопштението на Макпетрол АД за донацијата.
Од компанијата информираат дека таа е целосно подготвена и е на располагање за соработка со сите државни институции во борба против вирусот „КОВИД-19“, бидејќи јавното здравје е заедничка одговорност.
Од компанијата повторно апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита донесени од Владата, Министерството за здравство, како и од Светската здравствена организација.
„Останете дома и придонесете, заштитете се себеси и оние кои ги сакате!“, порачуваат од Макпетрол АД.