
Кривични пријави и обвиненија за граѓани со мерки за самоизолација кои излегувале од дома
Основното обивнителство во Битола бара парично да бидат казнети по 2000 евра, петмина членови на едно семејство кои се вратиле од Италија и не ја почитувале мерката за 14 дена домашна изолација. Обвинити се дека сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. На 4тиот ден откако се вратиле излегле од домот и ги напднале и соседите
-Тие биле должни согласно издадените решенија од надлежните органи во периодот од 14.03.2020 година до 27.03.2020 година да бидат во домашна изолација и да не го напуштаат своето престојувалиште во Битола. На 18.03.2020 година, околу 12.00 часот, излегле од својот дом на улицата пред семејната куќа, вербално се расправале со соседите, по што двајца од обвинетите физички ги нападнале соседите и им нанеле телесни повреди, информираат од обвинителствто.
Денеска и од МВР освен за овој случај известија и за други случаи за прекршување на здравствените прописи за време на епидемија и поднесени кривични пријави до обивнителството.
Четворица прилепчани на возраст од 38 до 68 години кои се вратиле од ризична држава не ги почитувале решенијата за домашна изолација. Полицијата вчера не го пронашла во домот и 63 годишен Охриганец кој ден претходно на 17 ти март се вратил од Холандија и требало да биде во самоизолација . Двајца кумановци еден вратен од Австрија другиот од Италија заработија кривични пријави од полицијата која не ги пронашла во домот каде треба да ја спроведуваат мерката за самоизолација