Уште седум нови случаи на заразени од коронавирус, бројката се искачи на 42 лица

Уште четворица скопјани и тројца жители на Дебар се заразени со коронавирус, соопшти министерот Венко Филипче. Тие се дел од групата од триесетина лица кои министерот најави дека се избрани за скрининг и тестирани утрово и на чии резултати се чекаше попладнево.

„Во рамките на процесот за ран скрининг на заболени од коронавирус кој започна во неколку општини, попладнево се направени 30 тестови со поширока индикација и дополнителни 8 кои пристигнаа преку Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.Од 38 тестирани, позитивни на коронавирус се 7 лица, 3 од Дебар и 4 од Скопје“, соопшти Филипче преку социјалната мрежа „Фејбук“

Со ова вкупната бројка на заболени од коронавирус во Македонија е 42 лица.

„Состојбата на сите пациенти е стабилна. Двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија“, инфромираше министерот Филипче.

Во моментов, се работат уште 22 теста и тие се во рамките на скринингот, а резултатите е бидат соопштени на утрешната редовна прес конференција.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ