Обвинителството ќе казни седуммина од Кавадарци за неспроведување самоизолација

Кавадаречкото јавно обвинителство денеска поднесе предлози за казнен налог за седум жители на градот кои  во понеделникот се вратиле во Македонија и веднаш го прекршиле карантинот кој им бил одреден од надлежните. Тие се товарат за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, а обвинителството бара да се казнат парично и тоа со по 50  дневни глоби.

„Со одлуката е определено спроведување на задолжителна самоизолација за секој државјанин на Република Северна Македонија кој влегува во државата на граничните премини, а патува од високо ризични или средно ризични земји утврдени со листата на Светската здравствена организација на денот на кој влегува во државата. Сите обвинети кои во државата дошле од различни држави, при влез во земјава на 16 март 2020 година потпишале изјави за самоизолација. Но при проверка од полициските службеници не биле затекнати во нивните домови во кои требало задолжително да ја спроведуваат мерката“, стои во соопштението на Обвинителството.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ