УЈП: Нема да има присилна наплата додека траат препораките на Владата

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека нема да презема никакви дополнителни мерки и да доставува решенија за присилна наплата.

„Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека нема да доставува решенија за присилна наплата од парични средства по основ на сите даноци и други јавни давачки (глоби, судски такси), за сите оние обврзници кои ги немаат подмирено своите обврски кон УЈП. Оваа мерка ќе важи се додека траат препораките и мерките на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, а се однесуваат на спречување на ширењето на корона вирусот.“- соопшти УЈП.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ