
Судскиот совет ќе избира претседател на скопска апелација
Судскиот совет на денешната седница, како што е објавено на веб страницата на советот, треба избира претседател на Апелацискиот суд Скопје и на основниот суд Дебар. Претходно, советот треба да ги усвои конечните ранг-листи на кандидатите за претседатели на овие два суда.
Членовите на Судскиот совет на затворен дел од седницата ќе го разгледуваат извештајот од извршениот увид во функционалноста на информатичкиот систем и надзор над примената на одредбите од деловникот во судовите доставен од Министерството за правда.
На седницата ќе бидат разгледани и пет барањa за поведување на постапка за утврдување на одговорност за судија.