Стопанствениците апелираат дека последиците по бизнисот ќе бидат несогледливи

Бизнисот алармира дека последиците од кризата со корона вирусот ќе бидат несогледливи. Апелира до владата да не се чека со нов сет мерки оти бројките од моменет во момент се менуваат. Велат компаниите не можат да ги плаќаат обврските и работниците и дека доколку не се преземат сериозни олеснувања за бизнисот многу од нив може да стават клуч на врата. Велат владата да го земе предвид и социјалниот момент бидејќи многу работници ќе останат без работа, а во ситуацијава не ќе можат да најдат нова, ниту да одат на работа во странство.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ