Владата ги утврди измените за Законот за судови

Владата на вчерашната седница ги утврди предлог законите за изменување и дополнување на Законот за судски совет и на Законот за судовите.

Основна цел на измените е внесување мерливи квалитативни критериуми за оценување на работата на судиите и претседателите на судот на секои две години.

„Воедно се внимаваше на целосна избалансираност на критериумите во системот на оценувањето. Истовремено се интервенира и во однос на одребите за член на совет со право на глас, рангирање на кандидати за избор на судии во повисок суд, а се зајакнува и одговорноста во работата на советот“, се вели во соопштението.

Вградени се и препораките од Венецијанската комисија дадени во последните изменувања и дополнувања на Законот за судски совет, во однос на транспарентното работење на советот.

Двата предлог-закони ќе бидат доставени до Собранието за усвојување.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ