Лицата од Пепелиште денеска ќе бидат префрлени во Заводот во Демир Капија

Лицата сместени во Центарот за обука во Пепелиште – Криволак,  во текот на денешниот ден ќе бидат преместени во реновираниот Завод во Демир Капија, соопшти Министерството за одбрна.

– Како што известивме вчера, Центарот за обука во Пепелиште е само привремен простор каде треба да се извршат епидемиолошките прегледи согласно медицинскиот протокол. Тимот на Министерството за здравство утрово ќе ги заврши прегледите по што веднаш лицата ќе бидат преместени, се истакнува во соопштението.

Станува збор за објект на министерството за труд и социјалан, неодамна реновиран, кој со одлука на Кризниот штаб, пред 10 дена беше ставен на располагање, како објект за карантин, доколку за тоа се јави потреба. Објектот има капацитет за 54 лица и медицински тимови кои би ја мониторирале сосотојбата на лицата во карантин.

Објектот се наоѓа на место изолирано од градот, на неколку километри од градот и заводот во Демир Капија, со што не претстаува ризик за локалното население.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ