
Малата Кристина бара шанса да порасне
Вака изгледа светот од перспективата на малата Кристина која поради неоткриената болест останала со низок раст. Има единаесет години, ама е два пати пониска од нејзините врсници. Тоа не ја направило поинаква од нив, има исти желби, сака да црта и пее, и да игра да оди на училиште.
Последните неколку месеци се особено тешки за Кристина. Хормоналната терапија која до сега ја примала како да не делува, телесната температура постојано и е над нормалата, нозете полека и се прекриваат со црвенило и и откажуваат. Нејзиниот доктор Гучев аплицирал во америка, а од илјадници пријавени Кристина е одбран од светски експерти да работат на нејзиниот случај и да и ја одредат дијагнозата.
Сега нејзините се надеваат дека со помош од хуманите луѓе ќе може да си го платат патувањето и сместувањето во Вашингтон додека траат испитувањата.
Кампања за собирање 500 илјади денари веќе се шири на социјалните мрежи. Уште петнаесетина денови преостануваат до кога Малата Кристина ЕДИНСТВЕНА во земјава со овој тежок облик на заболување ќе има шанси се најде дијагноза и лек за да порасне.
143 502 за корисници на VIP и ONE
143 112 за корисници на T-Mobile
Билјана Николовска