Уште пет нови случаи на коронавирус во Македонија

Пет нови случаи на коронавирус се регистррирани попладнево, соопштија надлежните. Утрово беа тестирани 10 лица а кај петмина резултатите биле позитивни. Станува збор за сопругата на скопјанецот кој веќе е во изолација а кои се заразени од гости од Србија како и четворица здравствени работници во приватна амбуланта во Дебар.Вкупниот број на заболени лица сега изнесува 31.

„Министерството за здравство информира дека попладнево на коронавирус беа тестирани 10 пациенти, 5 се позитивни на вирусот. Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар. Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31. За вечерва, Министерството за здравство најавува прес конференција во Владата, а за времето на одржување инфомрцијата ќе биде испратена дополнително од Владата на РСМ“, стои во соопштението на министерство за здравство.

Информацијата ја потврди и доктор Арбен Аголи, сопственик на амбулантата која е во склоп на Клиничкиот центар во Дебар каде се лекуваат заболени од коронавирус.

„Бидејќи персоналот испадна позитивен од утре амбулантата е под карантин 2 недели“, напиша Аголи на социјалната мрежа „Фејсбук“

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ