Граѓаните да не пазарат панично, препорачуваат надлежните и уверуваат дека има доволно храна

Граѓаните разумно да купуваат во маркетите и да не собираат се што има на рафтовите. Надлежните уверуваат дека ја имаат ситуацијата под контрола и има доволно храна и производи, а сопствениците на големите маркети тврдат дека резервите се полни најмалку за еден месец. Владата вчера одлучи да се замрзнат цените на основните продукти од домаќинството, а инспекторите ќе ловат дали некој своеволно оди против таа одлука.

Инспекторите се свесни дека може некаде да дојде до зголемени цени на одредени производи. На терен се деноноќно вели првиот човек на Државниот пазарен инспекторат. Ги проверуваат увозните цени на производите, за да контролираат дали некој сака да профитира во ваква состојба.

Денес на состанок во Министерството за економија беа менаџерите на најголемите супермаркети. Министерот Бектеши им ја објасни новата мерката на Владата, а тие уверија дека имаат доволно резерви во маркетите.

Властите вчера донесоа економски мерки во време на ширење на заразата на коронавирус и панично купување во продавниците. На дваесеттата седница Владата одлучи да се замрзнат цените на основните продукти како леб, сол, зејтин, млеко, брашно, јајца, месо, тестенини, лекови и дезинфекциони средства.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ