Граѓански суд објави кои предмети ќе се судат, сите други се одлагаат

По насоките од Судскиот совет и согласно заклучоците на Владата, Скопскиот Граѓански суд објави кои, предмети ќе се одржуваат во наредниот период. Останатите се одлагаат и граѓаните дополнително со покана ќе бидат известени за новите термини, информираат од овој суд.

-“СЕ ОДЛОЖУВААТ закажаните рочишта по предметите на Основен граѓански суд Скопје, со исклучок на рочиштата и дејствијата по предмети за примена на времени мерки; спорови за објавување на исправка на објавена информација; вонпарнични и извршни предмети во врска со воспитување и заштита на децата и обврски по предметите за издршка што произлегуваат од закон, регистрации на политички партии, вонпарнични предмети за задржување на лица во здравствена установа; попис на имотот на оставителот, составување на тестаменти, прием на поднесоци и други работи што се врзани со законски преклузивни рокови, кои се сметаат за итни во смисла на чл.72 ст.2 од Законот за судовите.” известуваат од Граѓанскиот суд.

Во судот ќе се дозолува влез само за оние граѓани со уредна покана и предмети од итна природа откако судската полиција ќе им изврши безбедносна проверка.

-Се укажува на лицата кои е потребно да присуствуваат во судот во врска со предметите од итна природа, самите да обезбедат соодветна заштитна опрема, со оглед дека Основен граѓански суд Скопје врз основа на расположивите средства во  овој момент не е во можност истата да ја обезбеди и за странките во постапките, а на лицата за кои не е неопходно им се укажува да не доаѓаат без оправдана причина во судот, пишува во соопштението на судот.

 

 

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ