
Мерките за корона вирусот причина за одлагање на судењето за обвинетите организатори на 27- ми април
Адвокати во самоизолација беа причина за одлагање на денешното рочиште за обвинетите организатори за 27 ми април. Судијата Илија Трпков, прочита известување од адвокатското друштво Апостолски дека поради службени патувања во земји од среден ризик но и контакти со лица кои дошле од земји со висок ризик сите вработени остануваат дома до 27 март. Дополнитлено поради состојбата и мерките поврзани со корона вирусот отсуство најавиле и други адвокати. Судијата јавил во полиција да не ги носат тројцата обвинети кои се во домашен притвор, Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски и Влаидмир Атанасовски. Дојде само Трајко Велјановски кој се брани од слобода. Во судница беа присутни и двајцата сведоци Михаил Младеновски и Сашо Коцевски. За сведок беше повикан и техничкиот премиер Оливер Спасовски но судот испратил известување во владата дека нема да има услови за одржување на судењето.