Се замрзнува цената на леб, сол, зејтин, млеко

Владата на 20-та седница одржна вчера одлучи да ги замрзна цените основните продукти и тоа на леб, сол, зејтин, млеко и млечнипроизводи, јајца, брашно, месо, тесттенини, лекови и дезинфекциони средства со состојба на денот на прогласување на пандемијата од СЗО, освен за оние за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури.

Оваа одлука влегува со сила наредниот ден од денот на објавување во Службен весник, и е усвоена со цел да не се злоупотреби моменталната состојба на пазарот и да се заштитат потрошувачите во услови на зголемена побарувачка на пазарот за овие производи.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ