МВР со повеќе предлог мерки за обезбедување на здравјето и безбедноста на граѓаните

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, на својот фејсбук профил, ги објави предлог мерките за обезбедување на здравјето и безбедноста на граѓаните кои ќе ги образложи на денешната седница на владата.

МВР ќе предложи:

  1. Управните служби да работат со променето работно време, односно во Скопје од 07:30 – 18:00, а во останатите градови од 07.30-16.30. Одлуката ја предлагаме врз основа на анализата на посетеност во изминатите денови.
  2. Со мерките за прекин на Владата да се вклучат и автошколите и Испитните центри.
  3. Армијата целосно да го преземе обезбедување на зелената граница и тоа на подрачјето на ПС за граничен надзор Блато и ПС за граничен премин и надзор Џепчиште, со цел полициските службеници од Граничната полиција да се стават во функција на граѓаните од регионот каде е прогласена кризна состојба.
  4. Ресурсите на јавните претпријатија, пред се во делот на теренски возила да се стават на располагање на Министерството за внатрешни работи.
  5. На сите гранични премини, вклучувајќи го и скопскиот аеродром на сите лица кои влегуваат во нашата држава да им биде врачена наредба и формулар за изјава за самоизолација.

Чулев соопшти и дека Министерството за внатрешни врши патролно обезбедување на автобуси со кои 32 државјани на Албанија и 20 државјани на Косово од скопскиот аеродром ќе бидат проследени со полициска придружба до граничен премин на излез од државата.

Истовремено, во полициската станица Гостивар бил приведен угостител поради непочитување на владината одлука за затворање на угостителските објекти. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ