
Народната банка ја намали рефернтната каматна стапка во земјава
Народната банка на вонредна седница ја намали основната каматна стапка, на ниво од 1,75 проценти. Намалувањето е за 0,25 процентни поени. Сега на потег се банките, кои треба да ги намалат каматите за кредитите. Од НБРМ информираат дека се разгледуваат и дополнителни мерки за поддршка на економијата.
Овие мерки се однесуваат на евентуални промени коишто ќе ги стимулираат банките да ги поддржат најпогодените сектори во економијата, а преку целна промена на дел од монетарните инструменти и преку промени во регулаторните барања, стои во соопштението на НБРМ.
Дополнително, според информациите на Телма, Владата размислувала за одложено плаќање на кредитите, но треба да се прецизира, како, за кого и од кога ќе важи.
Од банките за Телма велат дека мораториум на плаќања на кредитите е потребен, но посочуваат дека засега не може сами да го направат. Сметаат дека треба да има системски пристап а се ќе зависи од одлуките на НБРМ и Владата. Посочуваат дека разговори со надлежните финансиски институции се воделе – но конечна одлука не е донесена.
Се разговарало и за одложување на плаќање на ДДВ на компаниите. Се уште не е прецизирано за колкав временски период да биде одложено а се одело од 25, 35 или 40 дена. Од УЈП за Телма велат дека се уште намаат конечна одлука на Владата, но каква и да биде донесената одлука тие се подготвени да ја спроведат.
Една од мерките која се разгледувала а која се однесува на работниците кои седат дома бидејќи имаат деца помали од десет години – а тоа сега е на сметка на компаниите, се разговарала опција дали ќе може државата да ги покрие дел од трошоците.
Претходно Телма веќе објави дека на компаниите ќе им бидат ставени на располагање пет милиони евра преку Развоната банка, станува збор за кредити кои ќе бидат со симболична каматна стапка, и кои нема да надминуваат 50 илјади евра. Сепак, сеуште се прецзира како ќе се реализираат мерките, дали со уредба на влада или сои заонски измени.
Економскиот тим во Владата разгледува повеќе мерки кои би се донеле поради актуелната состојба од коронавирусот. Истите ќе бидат разгледани на вечерашната владина седница. Едно од прашањето кое ќе се отвори е замрзнување на цените на производите, но од Владата засега не одговараат каков е нивниот став за ова прашање.
Наташа Стојановска