
Се скенира населението во дебарско со тестови за коронавирус
Се тестираат нови седум сомнителни случаи на коронавирус, од кои три во Дебар, два преку Центарот за јавно здравје во Штип и два на инфективната клиника во Скопје кои патувале во Германија и во Австрија. Состојбата на 18-те пацинетите кои веќе се заболени со коронавирусот е непроменета – 13 пациенти се лекуваат на Инфективната клиника од кои еден е на машина за дишење, а во домашни услови се лекуваат пет пациенти во Дебар.
Министерот за здравство информираше дека во текот на денот и утре ќе се спроведе тестирање на повеќе луѓе во Дебар и Центар Жупа за кои што не е сигурно дека биле во контакт со заболени или сомнителни на коронавирус, која бројка може да достигне и до 80 лица, како една форма на скрининг на овој регион, согласно светските искуства.
Се воведува и нова мерка за телефонска психолошка поддршка на граѓани и ранливи гурпи во соработка со Клиниката за психијатрија.
Подготвен е список на лекари, 200 анестезиолози и 440 медицински сестри кои по потреба ќе ротираат по институциите каде тоа ќе биде потребно доколку има многу случаи на приклучени на респиратор.
Во моментов Македонија вкупно и во јавнотот и во приватното здравство располага со околу 200 машини за дишење. Неделава се очекува да пристигнат 50 нови респиратори, а се прават обиди за набавка и на дополнителни 50. Во меѓувреме се чека и одгвор од кинеската амбасада за донација од Кина на 200 респираторни машини.
Владата денеска донесе одлука да се ослободуваат од работа и родителите на деца во цистична-фиброза.
Филупче повторно ги повика граѓаните да седат дома, да не се излегува без посебна потреба и да се самоорганизираат за влегување во маркетите да не се создава голема турканица бидејќи како што рече Филипче, тоа е единствен начин да се стави крај на ширење на вирусот.
Министерот за здравство информираше дека е изготвен правилник како треба непречено да се движат возилата во регионот со кои се пренесуваат лекови, нафта, со цел да се обезбеди снабдување и да се избегне недостиг.
Тамара Грнчароска