На МРТВ се емитува едукативна програма за учениците

Најмладите денеска заедно со своите родители следеа настава  во ТВ училница. Ова е алтернативаата откако четври ден наместо да креваат рака,  одговараат на прашањата на наставничките, и да цртаат во градинките седат дома.

Во оваа емисија на Македонската радио телевизија два часа имаше предавање за хигена. Наставнички од основни училишта објаснуваа како правилно да мијат раце, како се става заштитна маска на лицето , како може да се пренесе корона вирусот.

Министерството за образование на овој начин им овозможи секој ден да учат пред малите екрани додека училиштата се под клуч.

Арбер Адеми: Секој ден ќе бидат најавувани емисиите и темите кои ќе бидат обработувани утредента. Препорачувам да ги следите и корисно да го исполните времето кое го поминувате дома, образованието е вашиот најголем интерес и процес кој не смее да трпи застој.

ТВ настава ќе има и за повисоките одделенија кои исто така се на принуден распут. Од министерството за образование велат велат дека емиисте за основците се правени според наставната програма за основите училишта. Па така лекциите кои деновиве ги пропуштија , место од книга ќе ги научат од телевизија. Едукативната програма се емитува на трите канали на МРТВ.

Во меѓевреме, неколку скопски општина веќе се организираа како да го решат проблемот со замрзнатата настава.  Градоначаникот на Центар, Саша Богдановиќ на својот фб профил објави дека наставниците ќе им праќаат задачи, лектири, материјали за учење на Вибер, Фејсбук , по мејл.  Слична мерка за онлајн учење донесе и општина Карпош. Зад ова не изостануваат ни универзитетите. На ФИНКИ од четвртокот професорите и студентите имаат онлајн конференциски предавања , на платформа која и претходно се користела на факултет за полагање испити и ставање оцени.

По одлука на Владата сите градинки , училишта и универзитети не работат од 10 март.

Теодора Цветковска

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ