
На „Монструм“ денеска сведочеше рибарот Зоран Велковски
На судењето за случајот Монструм денеска сведочеше рибарот Зоран Велковски. На езерото заедно со свој сосед бил ден пред да се случи убиството на момчињата, и му станало сомнително кога неколкумина кои не личеле на рибари му побарале леб за да ловат.
Поради ова заминале од таму. Ден по тоа околу 22 часот и 15 минути тргнале повторно на целовечерно ловење риба но виделе човек како лежи покрај паркирано возило. Повикале полиција по што било утбрдено дека тој е убиен. Сведочеше дека обвинетите кои ги нарекуваше дечки и кои беа во судницата никогаш ги нема видено освен на телевизија.
Рече колку и да ме прашувате јас навистина не сум ги видел. Инаку сега монструм го води специјалното јавно обвинителство обвинети се шестмина за убиство на Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, Александар Наќевски, Филип Славковски и Борче Стевковски на 12 април 2012 година, Велики Четврток, додека ловеа риба кај Смилковското езеро