
Судењето за „Шамарите“ се одложи поради ларингит
Со боледување од матичен лекар за ларингит и препорака да мирува 14 дена обвинетиот Милан Андоновски не дојде на денешното судење за „Шамарите во Центар“ . Обвинителите од СЈО одговорија дека присуството на судење не е физичка работа и побараа од судијата да му определи притвор затоа што трет пат во рок од една година судењето да се одлага поради негово отсуство.
„Доставува некаков лекарски извештај од приватна здравствена установа дека има ларингит и треба да мирува, без физички напор. Сигурно немаше да им физички напор ако се појавеше во судница. Неговото отсуство е со единствена цел да се одолговлекува постапката. Предлагам да му се определи притвор бидејки тоа е единствен механизам за да се обезбеди присуството на овој обвинет“, кажа Фатиме Фетаи, обвинител СЈО.
„Ако дојде во судница, нема да го тера никој да копа или да има друга физичка активност. Барем температура да ставеше во оправданието. Ларингит имаме половина од присутните во судницава. И во притвор ќе може да прима амоксиклав, кажа Гаврил Бубевски“, обвинител во СЈО.
Адвокатите се противеа за притворот и им порачаа на обивнителите да не покажуваат нервоза. Негираа дека целта била да се одложи рочиштето. Велат боледувањето е издадено од матичен доктор на препорака на специјалист од клиниката за уво, грло, нос, и нема причина да не се верува на докторите и да се бара обвинетиот да заврши во истражниот затвор. Судијата го одби предлогот на СЈО за притвор на Андоновски.
Ова го искоментира и експремиерот Груевски обвинет во овој процес
Андоновски според обвинението се товари дека бил дел од групата која извршила насилство за време на протестите во општина Центар во 2013. Судењето кое треба да започне по втор пат од почеток е одложено за 3 април.
Елена Ивановска Мукоска