
На МРТВ се емитува едукативна програма за учениците
На трите канали на Македонската радио телевизија од денеска почна емитувањето на ТВ училница. Два часа основците и деца од претшколска возраст , додека седат дома ќе имаат можност да гледаат едукативна програма подговтвена од наставници и професори. На овој начин министерството за образование ќе се обиде да им ги надокнади пропуштените лекции додека училиштата се под клуч.
Секој ден ќе бидат најавувани емисиите и темите кои ќе бидат обработувани утредента. Препорачувам да ги следите и корисно да го исполните времето кое го поминувате дома, образованието е вашиот најголем интерес и процес кој не смее да трпи застој, порача министерот Арбр Адеми.
Денешната програма е посветена на хигената. Децата кои имаат дилеми и прашања можат да се јават на наставниците кои ќе им одговораат и ќе се обидат да ги научат како да се заштит од коронавирусот. Освен програмата за најмладите, на МРТВ ќе се емитуваат и едукативни емисии и за повисоките одделенија.
МОН апелира до наставниците волонтерски да се приклучат на оваа иницијатива.
Слично решение донесе и хрватската Влада која одлучи на третиот канал на Хрватската радио-телевизија да се емитува само образовна програма наменета за учениците.
Теодора Цветковска