Карантин Дебар и Центар Жупа-Се што влегува мора низ дезинфенкција, а ништо не излегува

По првиот ден со сонце, на вториот на границите на карантинот стигна студ, дожд и измаглица. Автомобил со струшки таблички, но со двајца жители со дебарски лични карти стигна на Бошков мост. Откако одговорија на прашањата зошто три дена не се вратиле во родниот Дебар и потврдија дека нема да бараат излез од карантинот беа пропуштени. Но прво ја минаа дезинфекцијата и заминаа во Дебар. Сите возила на пунктот пред влез мора да се дезинфицираат. Таа задача ја имаат припадниците на Дирекцијата за заштита и спасување.

Според информациите на надлежните, и во Дебар и во Центар Жупа состојбата е стабилна на безбедносен план, граѓаните се однесуваат совесно и нема прекршувања на мерките во карантинот. Без застој оди и достава на храна и лекарства за отсечените граѓани. Камионите стигаат до границата на Бошков мост, прво се дезинфицираат, а потоа товарот, стоката се префрла во други возила од Дебар и оди кон градот. Се уште има граѓани кои се враќаат во двете општини. Девојка која се вратила од странство со авион, попладнево пристигна до пунктот и пешки го помина. Замина во најмалку едно месечен карантин. На карантинските граници на мостот останљаа полицајците, војниците и припадниците на ДЗС.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ