По две децении постапката за прогласување на Шар Планина за Национален парк влезе во институциите

По усвојување на информацијата владата им препорача на секторите економија, шумарство, ловство, енергетика транспорт одбрана и туризам во рок од 15 дена да дадат свое мислење околу предлогот за прогласување на Шар Планина во категоријата национален парк.

Постапката потоа влегува во владина процедура каде треба да се формира јавно претпријатие за управување со паркот, на крајот актот на прогласување треба да заврши во Собранието со гласање на пратениците.

Од Пријателите на Шара не веруваат дека постапката ќе заврши оваа година поради закажните избори за 12 април. Но според нив подобро да се оддолжи процесот отколку постапката да заврши за неколку месеци, а Шара наместо во пракса да биде заштитена само на хартија.

Од Пријателите на Шара, апелираат во постапката за прогласување на Шара за нацинален парк да се земат во предвид мислењата на мештаните од планинските села.

Иницијативата за прогласување на Шар Планина за Национален парк е долга две децени. За разлика од кај нас на косовската страна Шара  е заштитена пред повеќе од 30 години. Ако се заштити оваа планина од наша страна целиот Шарпланински предел ќе преставува најголем заштитен појас во Југоисточна Европа.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ