Членови на ДИК предлагаат одложување на изборите

Си ги кажуваме нашите маки за да помогнеме на тие што ги носат одлуките да донесат правилна одлука. Вака претседателот Деркоски, ги толкуваше барањата на членови на Државната изборна комисија, државниот врв и партиите на утрешниот Совет за безбедност кај Претседателот Пендаровски да ја преиспитаат одлуката дали ќе има избори на 12 април.

  • Ниту сме дел од телото кое го свикува претседателот ниту можеме да побараме. Затоа и вака користејќи ја и јавноста транспарентноста на седницата ги кажуваме нашите маки би рекол за на крајот на краиштат помогнеме на тие што ги носат одлуките да донесат правилна одлука- рече Деркоски.

Членовите пак на ДИК беа гласни во апелите до партиите дека ако им се важни грѓаните и здравјето треба да седнат и да се договорат.

  • Јас апелирам до политичките партии ако им се пред се граѓаните и здравјето и луѓето нека седнат нека се договорат нека најдат решение за ова. Ние ќе работиме но предмалку еден од новинарите ме праша кој ќе ги води изборите на денот на изборите. Избирачките одбори може да ни се десеткуваат – рече Витановски.

Витановски стравува што ако бил заразен некој од стотината луѓе од општинските комисии  од Дебар и Центар Жупа кои биле во ДИК

Членовите алармираа дека во целиот процес се вклучени многу луѓе кои меѓусебно треба да комуницираат.

Со оглед на сите изборни дејствија кои се многу комплексни и опфаќаат повеќе илјади луѓе, само избирачките одбори, 3.500 избирачки места по 10 се составени од 35.000 луѓе плус 80 општински изборни комисии по 10 члена.

  • Бараме надлежните посебно за состанокот утре  на Совет за безбедност во проширен состав да ги имаат во предвид, значи овдека нема политика, да ги имаат во предвид од стручен аспект сите овие дејствија и активности согласно закон и роковник која е должна Дик да ги прави соодветно на тоа да ги прилагодуваат нивните одлуки.- рече Кондарко.

Партиите пак се уште калкулираат дали се децидно за одложување на изборите поради состојбата со коронавирусот. Од ВМРО велат дека за нив најважно е здравјето на граѓаните. Но никој за сега не излезе со прецизен став околу ова прашање. Се очекува по утрешната седница на Советот за безбедност да се има појасна слика за тоа дали ќе има избори на 12 април или не.

Александра Филиповска

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ