Се чекаат резултати за две бремени жени од Дебар

7 нови граѓани сомнителни на корона вирусот се тестираат денеска. Пациенти од Штип, Куманово, Тетово, Кичево кои пред неколку дена се вратиле од Швајцарија, Австрија и Германија, Охриѓанец и  две бремени жени од Дебар. Сите 13 пациенти на кои периодов им беше дијагностициранкоона вирусот, а се сместени Клиниката за инфективни болести се во стабилна состојба. Првата пациентка од Дебар се уште е на респираторна машина со значително подобрување на параметрите, но сè уште со непредвидлива прогноза информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Двете бремени жени се во одделите за изолација едната е во болницата во Охрид  другата во Скопје. тие се во стабилна состојба и не се во последната фаза од бременоста, информираше министерот за здравство.

Во Дражавата има 120 респиратор од кои 90 се во Скопје потенцираше Филипче а освен опрема се мобилиозира и се ставаа на рапсолагање и целиот медицински персонал на јавните и приватните болници за справување со корона вирусот. Министерот им се заблагодаи на приватни болници затоа што ги ставиле на располагање  капацитети. Назначен е координатор на службата за инфективни болести во Дебар што кој ќе ја организира работата со петте пациенти и сите активности таму поврзани со корона вирусот . Состојбата во Дебар и Центар Жупа и од безбендосен аспект е стабилна  и нема нарушување на јавниот ред  и мир, информираше Филипче

– Полициските службеници вршеле обиколка и контрола на сите угостителски и други објекти, обложувалници и ноќни клубови со цел доследно спроведување на мерките. Со несмален интензитет се спроведуваат мерките за контрола и дезинфекција на сите возила за влез во Дебар и Центар Жупа. Без проблем се одвива дотурот на храна и потребни материјали, изјави Филипче.

Министерот соопшти дека со директорите на клиниките одлучиле и да не се оддржуваат редовните утринските колегиуми  за да се намалат директните контакти. Ќе се третираа само итните и малигни случаи.  Детската клиника во Козле, ќе се подготви за примање на деца евентуално заболени од коронавирус.  Сите хоспитализирани деца во Козле, деновиве ќе бидат префрлени на лекување на Клиниката за педијатрија за да бидат изолирани од возрасните.

Елена Ивановска Мукоска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ