Припадници на Армијата ангажирани во Дебар и Центар Жупа

Од тетовската касарна попладнево заминаа 50-тина припадници на Армијата кон општините Дебар и Центар Жупа. Пред тргнувањето нив ги посети министерката за одбрана Радмила Шекеринска која го посети и оперативниот центар во касарната кој ќе раководи со ангажманот на Армијата за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19.
– По координацијата на МВР и Армијата од тука заминуваат околу 50-тина војници и офицери, како и еден дел од Армијатра кои се веќе во Дебар ќе бидат ангажаирнаи по потреба. Главниот фокус е во моментот контрола на граничната линија. Полицијата обезбедува контрола на главните правци кон и од Дебар, го ограничува транспортот. Целта ни е да се ограничи целосно влезот и излезот во овие две општини за да се спречи ширење на вирусот, а главна задача на Армијата е конторла на граничните линии, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ