
Во тетовско Баба Теќе се мијат раце од застоена вода од цистерни
Вака семејството Реџепи и уште илјадници жители од населбата над тетовското Арабати Баба Теќе ја одржуваат хигиената, во време кога надлежните даваат препораки, како дел од превенцијата против Корона Вирусот.
Оваа населба нема вода, па луѓето се снаоѓаат како знаат и умеат. За пиење и чистење полнат застоена вода од цистерни, но и од јавни чешми лоцирани на неколку километри од нивниот дом.
- Овде вода немаме општината изгради еден базен горе , но што прават и јас не знам, главно е дека тука нема вода. Ние се снаоѓаме некако но многу е тешко
Мештаните велат дека општината во повеќе наврати најчесто пред избори, ветувала дека ќе го реши проблемот со вода, но состојбата секоја година е се полоша. Оваа населба е сосема заборавена, нема ниту канализација, хигиената е на многу ниско ниво, па препораките на министерството за здравство е невозможно да се испочитуваат, вели Сербез Демири жител на оваа населба.
Од Општина Тетово велат дека отворен е тендер за избор на фирма која од базенот кој веќе е изграден треба да ја донесат водата до семејствата кои живеат над тетовското Арабати Баба Теќе. По изборот на фирмата, градежните работи за реализација на проектот ќе започнат наредниот месец.
Зоран Димовски